Site Navigation

inovarteendless possibilities

Упатсво за поставуавње на декоративен камен

    Првата предност на нашиот производ претставува токму лесната монтажа. Можност да било кој човек кој има основно градежно искуство со помош на квалификуван работник да постави декоративниот камен.

  • Типови на подлога


    Декоративниот камен најчесто се поставува врз две основни конструкции:

    1. Масивна конструкција со или без изолација (бетонски ѕидови, бетонски блокови, цигли, малтерисани површини...)

    2. Лесна конструкција со или без изолација(гипс-картонски плочи...)

    Во продолжение се дадени скици на двата претходно опишани начини на поставување на декоративниот камен.

  • Поставување на декоративен камен врз масивна конструкција


    Во припремата на подлогата за поставување на декоративниот камен, нема ништо комплицирано. Треба да се придржувате кон одредени правила кои сега ќе ви бидат објаснети. Прецизноста при поставувањето се предуслови за убавината на самиот производ.

    Затоа подлогата врз која се поставува декоративниот камен мора да биде цврста, стабилна, исчистена од - остатоци од цемент, прашина, замастување итн.

    Доколку е потребна санација на подлогата или пак одстранување на дупки и други недостатоци задолжителна е употреба на соодветен материјал.

    Староста на цементната подлога мора да биде минимум 28 дена.

    Во поставувањето на декоративниот камен треба да се користи соодветен лепак( градежен лепак, лепак плочка на плочка или за лепење на гипс картонска плоча).

    Процесот на поставувањето на плочки е следниов:

    1. Припрема на подлогата

    2. Импрегнација - премачкување на површината на У-врска. После премачкувањето со У-врска треба да изминат најмалку 6 часа пред да се почне со поставување на декоративниот камен.

    3. Припрема на лепак

    4. Лепење на декоративниот камен - се почнува со нивелација на првиот ред. Секое парче камен мора да биде ставено врз друг камен без фуга. Бидејќи при поставувањето на каменот се користи лепак треба да се внимава при поставувањето лепакот на испадне на површината за да не се наруши убавината на каменот.

    5. При поставување на каменот, при секој нареден ред препорачливо е да се провери нивелацијата на дотогаш наместениот камен.

    При поставувањето на камен на лесни конструкции задолжително е поставување на пластична мрежа(рабиц мрежа), таа се поставува на тој начин што:

    1. Прво се премачкува со лепак за гипс картон со дебелина од 2-3мм назабена длетарица

    2. Врз сеуште свежиот лепак се поставува мрежата со преклопување од околу 10см

    3. Со рамна длетарица се мазни со додавање на нов лепак, доколку е потребно.

    4. При оваа постапка мрежата несмее да се гледа, дебелината на лепакот треба да изнесува минимум 2-3мм. За лепењето да биде квалитетно исушената подлога треба да биде импрегнирана, односно да се премачка со У-врска во однос 1:3 со вода.

    При извршената нивелација на првиот ред, следен чекор е нанесување на лепак во танок слој на самата подлога и на задната страна на декоративниот камен, лепакот што се поставува на подлогата не треба да биде на голема површина т. е да не е нанесен слој лепак за повеќе плочки истовремено, затоа што брзо се суши и нема да можете да ги поставите плочките на исушен лепак, а доколку сепак се залепи плочка таа лесно може да се одлепи и падне. Затоа лепакот за лепење на каменот се поставува плочка по плочка. Доколку при поставувањето на каменот лепакот избие на површина, се истисне измеѓу плочките, вишокот на лепак треба да се исчисти со влажно сунгерче.

    Доколку поставуваме декоративе камен на средината на било која површина која нема подлога, во тој случај поставениот камен треба да биде потпрен за да се спречи лизгање додека каменот се исуши. Тоа може да се направи со коење на шајка која ќе го држи каменот.

    При поставувањето на аголните камења се почнува од долу па нагоре, после тоа од страната се додаваат рамните камења. На некои делови можеби ќе се појават и помали делови од големината на каменот, тие се решаваат со сечење на каменот, а тоа е лесно, се сечат со пила за дрво.

    Поради тоа што декоративниот камен е изработен рачно, можат да се појават нерамнини на страничниот дел од каменот, но тие лесно се отстрануваат со гипсарско ренде и после тоа поставувањето оди лесно, а резултатот е уметност.