Завршена реконструкцијата на Народниот Театар во Гевгелија.
После 15 години, со реконструкцијата на Народниот театар во Гевгелија, кој сега располага со 330 седишта, му се врати стариот архитектонски изглед. Иноварте како подизведувач работеше на неговата внатрешност, ентериерот, кој што изобилуваше со руинирани декоративни лајсни, од кои беа извадени примероци и според нив направени нови исти лајсни. Како и на реконструкција и конзервација на фигурата на фасадата на Народниот театар.
После земјотресот во 1990 година и пожар во 1996 година кога театарот ја прекинал својата работа, во Ноември 2012 година завршно го доби својот автентичен изглед. Свеченото отворање на театарот со присуство на Министерката за културта Елизабета Камчевска Милевска, градоначалникот со советниците на општината Гевгелија, изведувачите и бројни гости и љубители на театарската уметност се одржа на 18.Декември.2011 година со изведбата на претставата „Свадбата на Фигаро“ на Македoнскиот народен тeтар.